ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Австрија бара Скопје и Софија да разговараат за решавање на спорот во Виена

Австриската министѕрека за Европа ја нуди Виена како неутрално место за преговори меѓу Скопје и Софија, за решавање на билатералните прашања. Австриската европска министерка Каролине Едштадлер истакна дека е потребно Софија да се повлече од блокадата, во спротивно Русија и Кина ќе го пополнат јазот во регионот. Таа апелираше до Португалија, која претседава со ЕУ, да ја усогласи рамката за преговори и да ги започне преговорите за членство со земјата, нагласувајќи дека Северна Македонија е кандидат за пример.

 „Искрено немам разбирање за тоа што Бугарија сè уште блокира. Јасно и гласно ја повикувам Бугарија да стави крај на овој отпор. Ние ја понудивме Виена како неутрално место за  преговори. Досега оваа понуда не беше прифатена, но сакам јасно да кажам дека останува вакуум ако не ја реализираме оваа перспектива за членство на дело. Овој вакуум ќе го пополнат други земји што сакаат да имаат влијание, како што се Кина и Русија“.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров изрази оптимизам за спорот оваа година, но без да се загрозат македонските идентитетски прашања.

Иако Европскиот совет и даде зелено светло на земјата, почетокот на преговорите никако да се случи  поради бугарското вето. Дипломатите на Скопје и Софија усогласија 99% од Заедничкиот акциски план, но преговорите останаа без епилог поради изборите на 4 април во Бугарија.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button