ВЕСТИСВЕТ

Австрија, Чешка и Словачка немаат место за бегалци од Авганистан

Премиерите на Австрија, Чешка и Словачка имаат заеднички став против поголем број авганистански бегалци во Европската унија во услови на зголемена загриженост поради приливот на мигранти од Авганистан.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш рече дека нема да има место за авганистанските бегалци во Европската унија и тие треба да останат во Авганистан или во соседните земји.

„Навистина нема место за нив во Европа“, рече Бабиш по средбата со неговите колеги од Австрија и Словачка во југоисточниот чешки град Леднице. Трите земји, заедно со Полска и Унгарија, долго време имаат цврста позиција во однос на миграцијата, што доведе до длабоки поделби во Унијата околу распоредувањето на бегалците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button