ВЕСТИСВЕТ

Австрија го стави цел Западен Балкан на „црвена“ ковид-листа

Австриското Министерство за здравство подготви нова регулатива за епидемиолошките мерки, со сите земји од Западен Балкан се ставени на „црвената листа“. Освен нив, на овваа листа се и САД, Ерменија, Азербејџан, Брунеи, Израел, Јапонија и Тајланд, кои отпаднаа од листата на земји со низок епидемиолошки ризик.

Отсега, од овие земји во Австрија можне да се влезе само со потврда за целосна имунизација.

Оваа мерка не е изненадување, ако се има предвид дека на крајот на минатиот месец Агенцијата за здравство и безбедност на храна на Австрија објави дека повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, од кои најголем број случаи се „увезени“ од Северна Македонија.

Со оваа уредба се носи уште една новина, а тоа е продолжување на периодот на важност на вакцинацијата од девет на 12 месеци, за разлика од досега, кога правилото беше дека едно лице се третира како вакцинирано девет месеци од примањето на втората доза. Сега тој период се продолжува на една година.

Според Министерството, новата регулатива треба да биде објавена следната недела, пред стапување во сила на новите епидемиолошки мерки, кои предвидуваат ограничувања пред се за невакцинираните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button