СВЕТ

Австрија смета дека ЕУ е нецелосна без Западен Балкан

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, денеска по повод Денот на Европа, рече дека пандемиската криза ги покажа слабостите на ЕУ во споредба со другите актери, а министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, истакна дека минатата година е изгубена година во однос на проширувањето на ЕУ, и тоа не смее да биде така, бидејќи ЕУ е нецелосна без Западен Балкан.

„Изминатите месеци од пандемијата не само што беа предизвикувачки за сите граѓани во Европа, туку кризата јасно ги покажа сите слабости на ЕУ во споредба со другите актери. Затоа е сега важно да се надомести недостигот со брзо и ефикасни мерки. Ние го охрабруваме заедничкиот пазар преку модернизација и дигитализација“, нагласи Курц.

Тој додаде дека претстојната Конференција за иднината на Европа е шанса да се одржи отворена дебата за тоа што ЕУ мора да стори во иднина, а Австрија ќе придонесе за позитивниот развој на Унијата и зачувувањето на заедничките вредности.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button