ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автобусите ќе останат на улиците, додека не се најде решение

Автобусите ќе останат на улиците, додека не се најде решение

Над 200 автобуси, од шест часот наутро, се паркираа на раскрсницата кај Т.Ц „Мавровка“, кај Црвениот крст како и на улицата „Илинденска“.Приватните превозници велат дека немаат друг избор да ги добијат своите тешко заработени пари. Однесувањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е оценето како неодговорно и разочарувачко.

„Имам пет автобуси, луѓето работеа овде, беа принудени да заминат, да ја напуштат оваа земја и да заминат во странство. Самата држава им наметна дека не можат да опстојат овде, затоа што ние сме родени овде, живееме овде, се стремиме за оваа држава. Денеска дојде моментот нашата младина целосно да побегне“, рече Рамиз Лесковица, приватен превозник.

Приватните превозници велат дека чувствуваат длабоко жалење за граѓаните, но велат дека биле принудени на ваков чекор  од градоначалничката на градот.

„Се обидовме многу пати, речиси една година, да се сретнеме со градоначалничката на градот, но таа не  покажа никакво разбирање, работата е влошена, дојдовме до оваа ситуација сега ме  принудени да блокираме патиштата и да продолжиме со ова“, рече Хисен Алили, приватен превозник.

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ вели дека на последниот состанок на координативното тело на приватните превозници било одлучено автобусите да не се тргаат  од скопските улици додека не се најде решение за плаќање на долгот. Тој додава дека доколку нема решение, не е исклучено да протестираат и членовите на семејствата на превозниците.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не одговараше на повиците на новинарите. Проблемот меѓу Арсовска и приватните превозници почна поради неисплатениот  долг од околу два милиони евра што Град Скопје и Јавното претпријатие го имаат кон превозниците. Арсовска негира дека Градот има долг кон возачите./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button