ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автобуската несреќа поттикна голем интересот кај светските медиуми

Adrian Kerinmi

Бугарските медиуми пишуваат за првите сомнежи во однос на причината за трагичната несреќа. Весникот „24 часа“ денеска на насловната страница имаше наслов – „45 жртви поради измами со 1,07 лева“. Со овој наслов, угледниот весник тврди дека во автобусот со патници од С. Македонија кои се враќаа од Истанбул имало стотици литри дизел гориво, што според нив е основната насока на која органите на прогонот почнале да го подготвуваат првичното вештачење.

За сообраќајката јавуваат и меѓународните медиуми. Бомбастични наслови за големиот број жртви се проширија насекаде и покрај ограничениот пристап на медиумите до местото на настанот. Гардијан ја опиша несреќата како најголема трагедија во Европа во изминатата деценија. Повикувајќи се на извори во бугарските медиуми, „Гардијан“ се повикува на очевидци, расветлувајќи ги причините за несреќата, за која велат дека се случила поради човечка грешка.

Си-Ен-Ен ја започнува приказната со бројот на малолетни жртви. „12 деца меѓу 46 жртви“ е истакнато во насловот на големиот глобален медиум. Според нив, причините за несреќата се очекува да се дознаат најмалку после 6 месеци од деталната истрага, додека како можни траги ги споменуваат човечкиот фактор и техничките проблеми.

ABC NEWS ја опишува трагедијата како „автобус со трупови“. Осврнувајќи се на бројот на жртви и 12 деца, телевизијата наведува дека пожарот во автобусот настанал како последица на експлозија напред, односно под возачкото седиште.

Раша Тудеј покрај трагедијата, на несреќата ѝ дава доза на дипломатија. Во нивниот текст се нагласува дека трагедијата од 23 ноември може позитивно да се одрази на затоплувањето на бугарско-македонските односи.

Франс прес кој беше меѓу првите медиуми кои пристигнаа на местото на настанот заедно со бугарските, несреќата ја опиша како најголема сообраќајна трагедија во Европа во последните 10 години. Токму АФП ја соопшти веста врз основа на изјавата на бугарскиот експерт дека во автобусот имало големо количество гориво.

Медиумите во Турција објавија снимки од безбедносните камери кога туристи од земјава влегуваа во автобуси на компанијата „Беса транс“ и за минуваат од хотелот во кој престојувале.

Од друга страна, медиумите во Велика Британија соопштија дека автобус од Бугарија излетал од автопат. Другите медиуми во регионов посветија големо внимание на семејствата на загинатите и на туристичката агенција која беше недостапна со часови. Многу медиуми испратија и свои репортери во Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button