ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автобуските превозници бараат решение преку Владата, не со Арсовска

Приватните превозници бараат средба со премиерот Ковачевски за решавање нивниот проблем со долгот од Градот Скопје. Тие велат дека игнорирањето на нивниот револт од страна на градоначалничката е срамен пристап.

Приватните превозници утрово ги тргнаа автобусите од раскрсницата кај „Мавровка“ и од „Црвен крст“. Но, според нив, ова не значи дека се повлекуваат од нивната цел, туку едноставно имаат слух за маката на  граѓаните кои деновиве живеат со сообраќаен хаос.

Од Град Скопје денеска не излегоа со никаков коментар за протестите. Само соопштија дека има јавен повик за избор на превозници за линиите 20 и 22, но во него не можат да учествуваат ниту „Слобода превоз“, ниту „Мак експрес“. Пакетот линии од овој оглас се дава за период од две години, со можност за продолжување, но вкупно не повеќе од 5 години.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button