СПОРТФУДБАЛ

Баерн блиску до потпис на шпанскиот репрезентативец од Гранaда

Баерн Минхен е многу блиску до потпис на шпанскиот репрезентативец од Гранада, Брајан Сарагоса. Германскиот шампион ќе ја плати откупната клаузула на 22-годишниот крилен напаѓач, која изнесува 15 милиони евра.

Сарагоса ќе остане во Гранада до крајот на сезоната на позајмица, а на лето ќе се пресели на „Алијанц Арена“.

На фудбалерот на социјалните мрежи му се допадна објавата на „Ел Чирингито“ за неговиот трансфер во Баерн, што е уште еден знак дека зделката е многу блиску до финализирање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button