СПОРТФУДБАЛ

Баерн ја има рекордната серија победи во Лигата на шампионите

Актуелниот европски првак, Баерн Минхен, синоќа забележа победа со 6:2 на гостувањето во Австрија кај Салцбург во 3. коло од фудбалската Лига на шампиони.

За Баварците, овој триумф е 14. по ред во елитното натпреварување. Според прес-службата на УЕФА, ова е рекорд во Лигата на шампионите.

Воедно, Баерн направи голем исчекор кон пласман во следната фаза. За да ја помине А-групата, германскиот тим ќе треба да забележи уште само една победа во следните три кола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button