
Навивачите на Баерн Минхен фрлија 185 тениски топчиња во знак на протест за време на победата на нивниот тим против Минстер од 4-0 во германскиот Куп.
Натпреварот меѓу Минстер и Баерн се одигра еден месец подоцна од предвиденото зашто на истиот ден во август на распоредот беше германскиот Суперкуп.
Одлуката да се одложи мечот против Минстер предизвика револт кај навивачите на Баерн кои го искажаа незадоволството, а сега гигантот ќе мора да плати казна по 350 евра од топче.