ВЕСТИСВЕТ

Бајден: Договорот меѓу Израел и Хамас ќе ги запре борбите и ќе ги врати заложниците

Американскиот претседател Џо Бајден на 15 јануари изјави дека по повеќемесечна интензивна дипломатија од страна на Соединетите држави, заедно со Египет и Катар, Израел и Хамас – коj САД и ЕУ гo сметаат за терористичка организација – постигнале договор за прекин на огнот и за враќање на заложниците.

„Овој договор ќе ги запре борбите во Газа, ќе ја зголеми многу потребната хуманитарна помош за палестинските цивили и ќе ги обедини заложниците со нивните семејства по повеќе од 15 месеци во заробеништво“, рече Бајден во изјавата.

Бајден додава дека „прецизните контури на овој план“ ги изложил на 31 мај 2024 година, по што планот едногласно бил одобрен од Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button