ВЕСТИСВЕТ

Бајден пред одлука за целосно запирање на увозот на руската нафта

Американскиот претседател Џо Бајден е пред одлука целосно да го прекине увозот на руска нафта, природен гас и јаглен во САД. Според американските медиуми, САД ќе го направат овој потег еднострано, без своите европски сојузници, поради спорот меѓу европските држави дали ќе ја запрат руската енергија.

„Преземаме чекори за да постигнеме казнени економски последици за Путин, истовремено преземајќи ги сите неопходни мерки за ограничување на влијанието врз цените на бензинските пумпи”, рече Џен Псаки, прес-секретар на Белата куќа

Прогнозите на економистите се дека цената ќе оди вртоглаво во нагорна линија доколку Европа стави забрана за узвоз на нафта и природен гас од Русија. Германскиот министер за економија предупредува дека зависноста од руската нафта и гас е голема за да може Европа да стави ембарго на увозот.

„Во случај на ембарго, зборуваме за тешка економска криза во Германија и Европа. САД увезуваат само 7,5 отсто од нафтата од Русија, додека во Германија зборуваме за 35 отсто. Ситуацијата не може да се споредува. Не зборуваме за три дена или три недели, туку, да речеме, за три години, изјави Роберт Хабек-Министер за економија

Од друга страна и Русија предупредува на целосно стопирање на природниот гас доколку продолжат санкциите и обвинувањата кон нивната земја.

„Поради неоснованите обвинувања против Русија во врска со енергетската криза во Европа и воведувањето забрана за Северен тек 2, имаме целосно право да донесеме одлука и да воведеме ембарго за транспорт на гас преку гасоводот Северен тек 1, што денес е вчитан на максимално ниво од 100%.“, рече Александар Новак- Руски вицепремир

Во меѓувреме цените на светските берзи и наттаму уриваат рекорди и на нафтените деривати но и на природниот гас. Цента на барал нафта е 130 долари додека за метар кубен природен гас цената е исторски највисока од 3.000 долари. /Алсат.мк

Андреа Чобанова

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button