
Американскиот претседател Џо Бајден денеска (5 јуни) пристигнува во Франција, каде ќе се одржат комеморации по повод „Денот Д“- слетувањето на сојузниците на 6 јуни 1944 година во Нормандија, каде неговиот домаќин Емануел Макрон сака да го покаже единството на Запад околу војната во Украина.
Бајден ќе се приклучи на комеморацијата на 80-годишнината од сојузничкото истоварување на плажите на Нормандија, на која ќе присуствуваат и кралот Чарлс III, германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот претседател Серџо Матарела и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Белата куќа потврди дека Бајден ќе се сретне и со шефот на украинската држава.
Предвидено е Бајден да зборува на официјалните церемонии на плажите во Јута и Омаха каде што „73 000 храбри Американци слетаа за да го отворат патот за ослободување на Франција и Европа“, соопшти Белата куќа.