МАКЕДОНИЈА

Банка за храна Кавадарци дели флаери вишокот храна да не се фрла

v

Банка за храна Кавадарци денеска информираше дека во текот на изминатиот период, граѓаните на општина Кавадарци биле запознаени и информирани за потребата од намалување на отпадот од вишок храна.

-Со оваа активност се стави акцент на тоа дека храната не е отпад, дека со нејзино донирање ќе се постигне многу, вишокот храна не треба да заврши на депониите. Граѓаните беа едуцирани и преку флаери, дека таа храна е се уште употреблива и дека таа преку системот на банкарство со храна, може да заврши на трпезите на оние на коишто им е најпотребна, соопштија од Банката за храна.
Оттаму појаснија дека оваа активност била во рамките на проектот “Намалување на отпадот од вишок храна”, финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, а имплементиран од Здружението за поддршка и помош на социјално исклучените и сиромашни лица,  Храна за сите-БХМ, Скопје.
Администратор на Банка за храна Кавадарци, којашто постои три ипол години, е регионалното еколошко друштво ,,Еко-живот”.
Од Банка за храна потсетија дека редовно преку општествено одговорни компании, собираат прехранбени производи, коишто потоа ги распределуваат кај лица и семејства во социјален ризик.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button