ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Барањата на вработените во ДИЦ се целосно оправдани, но државна матура мора да има во предвидениот рок, велат од Сојузот на средношколци

Одржувањето на државната матура е законска обврска и државата е должна да ја спроведе во законски предвидениот рок, велат од Сојузот на средношколци.

Advertisements

„Правото на штрајк е секако уставно загарантирано, но правото на образование исто е дел од Уставот. Законот за средното образование го смета одржувањето на матурскиот испит на крајот од секоја учебна година за должност на институциите. Како што кажавме и порано, ако не се одржи државната матура, ќе се создадат огромни проблеми за оваа генерација матуранти кои планираат да студираат во високото образование“, велат од Сојузот на средношколци.

Според нив можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според нивните анализи овој број изнесува 12 отсто од секоја една генерација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button