СПОРТ

Барди и натаму тренира надвор од првиот тим на Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди продолжува да тренира надвор од првиот тим на Леванте. Барди е во фаза на рехабилитација цел месец, по повредата што ја доби на тренинг во пресрет на мечот против Грузија во Тбилиси. Иако беше отсутен на три натпревари на Леванте во Ла Лига, најновите предвидувања се дека може да биде подготвен на почетокот на 2021. Потсетиме дека 25 – годишниот играч за врска беше девет пати во првата формација на Леванте во тековната сезона во Ла Лига, каде што забележа асистенција, додека тренерот Пако Лопез го смета за еден од најважните фудбалери на Леванте.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button