ФУДБАЛ

Барса има три начини да го регистрира Торес

Катастрофалното финансиско работење претходните години придонесе Барселона да остане без Лионел Меси, а сега и да не може да регистрира нови фудбалери се додека не ослободи пари во буџетот за плати.

Тоа важи за Феран Торес кој вчера беше претставен како нов играч на каталонскиот клуб, но прашање е дали воопшто ќе заигра оваа сезона. Постојат три опции да биде регистриран во Ла Лига и да го облече дресот на каталонскиот клуб.

Првата е да биде потпишан нов договор со Усман Дембеле кој би прифатил намалување на платата и со тоа би ослободил пари во буџетот. Втората е да биде продаден некој играч со што би биле искористени 25% од неговата продажба за плати. Третата е Барса да го потпише колективниот договор за продажба на телевизиските права во следните 50 години за кој гласаше против пред десет дена.

Најреална опција во моментов е втората со тоа што има неколку имиња кои можат да бидат продадени: Кутињо, Дембеле, Умтити, Демир…

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button