ВЕСТИРЕГИОН

Баша: Заев, Рама и Вучиќ само се фотографираат

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократската партија, Љуљзим Баша во врска со средбата во Скопје на македонскиот премиер Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „нивните брзи состаноци не произведуваат ништо ново освен фотографии“ и додава дека првиот чекор што треба да се преземе е меѓусебното признавање на Косово и Србија, а потоа да се продолжи со слободно движење во регионот.

„За да функционира слободното движење во регионот, мора да се работи итно за да се елиминира последната закана за мирот и стабилноста во регионот, а тоа е меѓусебното признавање на Косово и Србија. Слободното движење е цел и барање на сите процеси во кои се вклучени земјите од Западен Балкан, уште од процесот за европска интеграција и Берлинскиот процес. Значи, да се има желба да се излезе во овие жешки денови за да се сликаат не е големо изненадување за мене, нека не поштедат од клише филм, што се претвора во алиби за стагнацијата во земјата“, оценува Баша.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button