ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бејли: Уставните измени ќе се покажат како позитивен чекор

Уставните измени ќе ја засилат позицијата на државата, порача поранешниот американски амбасадор во земјава, Џес Бејли, во интервју за Гласот на Америка. Тој вели дека ја разбира фрустрацијата кај граѓаните, но, како што додаде, придобивките од промената на Уставот ќе се почувствуваат подоцна, налик на Договорот од Преспа кој овозможи членство во НАТО.

„За жал сега го имате ова бугарско вето за продолжување на процесот. Таму има јасно решение кое не им се допаѓа на сите, но мислам дека пет години отсега, од спроведувањето на уставните измени, луѓето ќе видат дека тоа е позитивен чекор за земјата“, рече Бајли.

Бејли истакна дека Вашингтон би бил разочаран од евентуално ново бугарско вето на патот кон ЕУ, но сепак потенцира земјава да работи на исполнување на неопходните реформи, особено во областа на владеењето на правото.

„САД би биле разочарани ако се случат натамошни постапки од ваква природа. Но, како што минувате низ процесот и отворате поглавја, одредени земји би сакале да се уверат дека критериумите се исполнети, така што ќе има и други прашања на патот“, додаде Бејли.

Бејли е дел од низата дипломати кои изминатиов период порачаа да се изгласаат уставните измени. Претходно директен повик кон опозицијата упати и специјалниот претставник на САД за регионот, Габриел Ескобар, како и германскиот претставник Мануел Сарацин. На дипломатската офанзива од ВМРО-ДПМНЕ по апелот на Ескобар, одговорија дека за лицата од дипломатскиот корпус е многу полесно да нудат решенија, отколку граѓаните да ги прифатат. Според претставници на партијата, емисарите триесет години велеле дека за Македонија ова е последното барање, но дадените ветувања не се исполнети.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button