ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бејта и Таравари во судир, кого поддржале членовите на ДУИ за градоначалник на Гостивар

Бејта и Таравари во судир, кого поддржале членовите на ДУИ за градоначалник на Гостивар

Со провокации, навреди и сарказам продолжија судирите меѓу Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Невзат Бејта од ДУИ. Бејта на средбата со мештаните во Гостивар вели дека е многу добро,дека е  здрав и силен и дека нема дијагноза, со што одговори на изјавата на Таравари дадена во емисијата „200“ во Алсат телевизија.

Бејта рече дека Таравари давал дијагнози и за првиот човек на ДУИ, а сега прави се за да биде дел од коалицијата со Али Ахмети.

„И во последното интервју се обиде да ме навреди. Добар сум, здрав, силен, без никаква дијагноза, тој дава дијагноза… 00:20 Арбен Таравари само дијагнози дава, сериозни дијагнози за нашиот претседател, од 100 метри знае кој е болен , ја девалвирал медицината. 00:42 Знаете што кажа за нашиот претседател и сега без никаков срам ќе влезе во коалиција. Граѓани кои имаат маки, не одете кај него, бидејќи тој сега не се занимава со професионална работа туку со политика“, рече Невзат Бејта- ДУИ.

Во последната емисија „200“, Таравари му посака добро здравје на Невзат Бејта, додавајќи дека врз основа на неговото однесување и изјави, тој како професионален лекар има свои сомнежи.

„Господинот Бејта е легенда, приказна сама по себе. Никогаш не би гп коментирал. Јас немам коалиција со никого, но сите предрасуди и заговори што ги прави господинот Бејта, само тој може да ги направи. Му посакав здравје, бидејќи навистина е малку сомнителен во своето однесување и во тоа што го кажува“, изјави Арбен Таравари- Алијанса за Албанците

Невзат Бејта, кој е дел од групата незадоволни од ДУИ, ги обвинува своите сопартијци Артан Груби и Талат Џафери дека на последните локални избори во општина Гостивар му дале поддршка на неговиот противкандидат од редовите на Алијанса. Додека Таравари ги отфрла овие обвинувања и вели дека никогаш не седел со Груби и Џафери, туку добил поддршка од членовите на ДУИ само поради нивното незадоволство од Бејта.

Средбите со гласачите меѓу двете групи во ДУИ почнаа по продлабочување на поделбите и инсистирањето на Огнената група за смена на Артан Груби од власта поради, како што велат, нереализирањето на проектите поврзани со Албанците, но и за поделби во членството и узурпација на ДУИ./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button