ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бектеши навредуваше новинари на прес конференција

Новинарите од телевизиските куќи ТВ Канал 5 и Тв Телма денеска на прес конференција во Владата беа навредувани и омаловажувани од министерот Крешник Бектеши кој не одговарајќи на поставени новинарски прашања на двата медиуми, обвини за договорени прашања, што е апсолутно неточно а и дека новинарите не се таму за да прашуваат и коментираат.

ММА смета дека ваквото однесување на Министерот Крешник Бектеши е притисок, новинарите да не поставуваат прашања битни за јавноста, но и навреда и клевета кон споменатите медиуми и обид да се манипулира со јавноста.

Укажуваме дека на медиумите треба да им се овозможи независно работење без закани и влијание и да се обезбеди слободата на говор и изразување.

Потсетуваме дека Согласно Законот за граѓанска одговорност навреда и клевета, Ограничувањето на слободата на изразување одговорност за навреда постои и ако со такво дејствие се омаловажува угледот и честа на група лица или правно лице. Постетуваме и дека за клевета одговара тој што за друго лице тој што за утврден или очевиден идентитет , со намера да наштети на неговата чест и углед , изнесува или пронесува невистинити тврдења за факти кои се штетни за неговата чест и углед а знае , можел да знае или бил должен и може да знае дека се невистинити..

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button