ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бектеши не го прифати барањето на сметководителите

Владата не попушта, сметководителите нема да добијат пролонгирање на рокот за доставување на завршните сметки. Министерот за економија Крешник Бектеши е категоричен, сметководителите да ја завршат својата обврска до 15ти овој месец. Бектеши тврди дека сметководителите не претрпеле потешкотии во работењето од ковид кризата.

„Како Министерство за економија, заедно со финансии со Управата за јавни приходи, Централниот регистар сме одлучиле да нема пролонгирање на подготвувањето и доставување на завршните сметки од страна на сметководителите“, рече Бектеши.

Сметководителите се разочарани од игнорантскиот однос на властите. Од ноември предупредуваат дека поради заболени сметководители или изолирани од своите работни места тие ни биле во можност да ги завршат своите обврски. Денеска Комората на сметководители од пред министерството за економија побара нов рок за доставување на завршните сметки до 31 март, во спротивно тврдат дека последиците ќе бидат фатални по економијата.

„Сите проекции кои ги прави државата за иден можен раст за економијата или каде може да се инвестира или кои сектори напредуваат или назадуваат, зависат од податоците кои ние ги доставуваме во нашите финансиски извештаи во завршните годишни сметки“, рече Александра Андреева член на Управниот одбор на Комората на сметководители.

Како образложение за барањето за пролонгирање на рокот, од Комората велат дека од десет илјади регистрирани сметководителите речиси пет илјади биле во изолација а две и пол илјади сѐ уште се надвор од нивните работни места.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button