ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бектеши не очекува подрастични рестриктивни мерки кои би ѝ наштетиле на економијата

Нов сет на економски мерки ќе има само доколку се случи затворање на одредени сектори. Во моментов, нема потреба од нови мерки за помош на стопанството бидејќи и со новите рестриктивни мерки сите сектори ќе работат, вели министерот за економија Крешник Бектеши. На прашање дали во буџетот има обезбедено пари за нов сет економски мерки, Бектеши не одговори.

„Во случај ако сме ситуација да донесеме целосен локдаун на одреден сектор, ние како и претходно ќе донесеме дополнителни економски мерки за сите тие сектори кои целосно ќе бидат затворени. Постоечките мерки кои ги усвоивме не се целосно забрана за угостителските објекти само тие што работат внатре“, рече Бектеши.

Во ребалансот на буџетот нема резервирани пари кои би се намениле за евентуален нов сет економски мерки. За Ковид програмата, во ребалансот се одвоени 178 милиони евра, но сите овие пари се наменети за реализација на веќе донесените мерки од петтиот и шестиот пакет како:

Алсат побара одговор од Министерството за финансии дали и колку пари ќе се одвојат за нов сет мерки доколку е потребно и дали ќе треба да се прави ново прекројување на буџетот за да се обезбедат пари. Но, до овој момент одговор не добивме.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button