ЕКОНОМИЈА

Бектеши уверува дека има доволно електрична енергија до крајот на годината

Министерот за економија, Крешник Бектеши, уверува дека има доволно електрична енергија за домаќинствата до крајот на годинава, до кога не се планира ниту поскапување на струјата.

„До крајот на годината ќе има доволно количина на електрична енергија. Сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот на годината нема да има покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Денеска имав состанок со сите чинители од енергетскиот сектор во рамки на првиот состанок на Комисијата за електроенергетска кризна состојба и согласно сите информации од нивна страна не беше донесена одлука за прогласување на електроенергетска кризна состојба во државата“, истакна Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button