ВЕСТИСВЕТ

Бела куќа: Бајден доаѓа во Европа во средината на јуни за обнова на сојузништвата

Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја посети Европа кон средината на јуни, што ќе биде негова прва посета во странство по стапувањето на должноста, соопшти Белата куќа.

Бајден, кој стана претседател на 20 јануари, за време на посетата што ќе трае од 10 до 16 јуни, ќе се сретне со лидерите во Велика Британија, Белгија и Швајцарија, објави „Гласот на Америка“.

„Оваа посета ќе покаже дека САД се посветени на обнова на сојузите, ревитализација на трансатлантските односи и тесна соработка со нашите сојузници и мултилатерални партнери за справување со глобалните предизвици и подобра заштита на американските интереси“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button