ВЕСТИРЕГИОН

Белград и Приштина добија ажуриран текст на француско-германскиот предлог за дијалог, потврди Борел

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска потврди дека Белград и Приштина го добиле ажурираниот текст на т.н. француско-германски план за дијалог.

„Последната верзија на текстот беше испратена во Белград вчера, а денес во Косово. Тие (Косово и Србија н.з.) сега мора да се вклучат во сериозна дискусија бидејќи ова е момент кога постои голема можност“, рече Борел во Тирана, каде што учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.

Планот на Европската Унија поддржан од Германија, Франција и Соединетите Американски Држави (САД) е составен дел од дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак вчера во Белград се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а денеска во Приштина разговараше со премиерот на Косово, Албин Курти.

Засега нема официјални информации за содржината на предлогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Некои медиуми го објавија наводниот текст на предлогот, чија автентичност не е потврдена од ниту еден од релевантните актери во процесот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button