СПОРТ

Белоруска атлетичарка побара азил во Полска

Атлетичарката од Белорусија, Кристина Тимановскаја, побара азил во полската амбасада. Белоруската атлетичарка синоќа престојуваше во хотелот на аеродромот „Ханеда“ во Токио, откако преку социјалните мрежи објави дека се плаши дека ќе биде насилно вратена во Белорусија. Таа побара помош и од Меѓународниот олимписки комитет, додека портпаролот на оваа организација, Марк Адамс, потврди дека белоруската атлетичарка е безбедна и дека од Федерацијата на Белорусија е побарано официјален став за наводите на спортистката Тимановскаја. Последните вести велат дека Полска и дала азил на белоруската спортистка иако тоа го понудила и Чешка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button