ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Берзанските индекси на Волстрит паднаа трет ден по ред

На Волстрит, берзанските индекси во четвртокот паднаа трет ден по ред, бидејќи инвеститорите се приспособија на проценките дека периодот на повисока инфлација и каматни стапки може да трае подолго од очекуваното, додека економскиот раст значително ќе забави.

Dow Jones загуби 0,35 отсто, на 30. لعبة بينغو 076 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,84 отсто, на 3. لعبة قمار بوكر 757 поени, а индексот Nasdaq загуби 1,37 отсто, на 11.066 поени.

Инвеститорите се уште се под впечаток на пораките на челниците на американската централна банка дека ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки, иако во последните три сесии ги зголемија за 0,75 процентни поени, во опсег од 3 до 3,25 отсто, што е највисоко ниво од 2008 година.

Лидерите на ФЕД се решени, рекоа во средата по дводневната седница, да ја потиснат инфлацијата од највисоките нивоа во повеќе од 40 години.

Но, агресивните планови на Банката на федерални резерви да ја ограничи инфлацијата до целта од 2 проценти ќе бидат потребни години, ќе го забави економскиот раст и ќе ја зголеми невработеноста, покажуваат проекциите на ФЕД.

Така, ФЕД ја намали проценката за растот оваа година на само 0,2 отсто, додека претходно проценуваше дека економијата ќе порасне за 1,7 отсто. Догодина бруто домашниот производ би можел да порасне за 1,2 отсто.

Но, инвеститорите стравуваат дека најагресивното зголемување на стапката на ФЕД во историјата ќе ја турне економијата во подлабока рецесија. العاب لربح المال الحقيقي

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button