ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

БЕСА и Алтернатива се двоеја и караа, па сега ќе се мират

БЕСА и Алтернатива се двоеја и караа, па сега ќе се мират

По подготвеноста што ја покажа првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, за соработка со БЕСА, заменик-претседателот на БЕСА, Аријанит Хоџа, во емисијата 360 степени рече дека соработката е можна дури откако партијата на Гаши официјално ќе премине во опозиција.

„Од моментот кога ќе се расчисти политичката ситуација, кога Алтернатива де-факто ќе биде дел од опозицијата, секако дека ќе нè обедини опозициската визија и ќе бидеме подготвени да седнеме и да разговараме за вредностите што ги споделуваме, доколку ги делиме истите вредности за тоа како сакаме да ја видиме државата и иднина, ќе седнеме да разговараме“, рече Аријанит Хоџа, потпретседател на БЕСА.

Можноста за соработка меѓу Алтернатива и БЕСА се актуелизираше по изјавата на Гаши во емисијата „200“ дека во политиката сè е можно. Гаши рече дека е подготвен за секаква соработка која е во интерес на граѓаните.

„Знаете што ни се случи и не се чувствувам добро за тоа што се случи, меѓутоа во задачата што ја имам и довербата што ми ја дадоа моите сопартијци, должен сум да комуницирам кога ќе одлучат дека е добро за интересот на партијата… Може ли да дојде до обединување на движењето БЕСА? Зошто да не, сè е можно, особено во политиката“, додаде Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

Челниците на Алтернатива и БЕСА, покрај сигналите за меѓусебна соработка, одржаа средби и со челниците на „Огнената група“ од ДУИ. Доколку членовите на оваа група бидат исклучени или ако самите си заминат од ДУИ, тогаш не се исклучува можноста за создавање на опозициски фронт меѓу трите политички групи на следните парламентарни избори./Алсат.мк

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button