ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Беса не оди во Тирана на иста маса со Ахмети

Беса не оди во Тирана на иста маса со Ахмети

Шест години по овој момент снимен на  фотографии, албанскиот премиер Еди Рама во вторник повторно ќе ги собере албанските лидери од Македонија во Тирана. Учество на средбата за Алсат потврдија првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и на Алтернатива, Африм Гаши. Засега не добивме одговор од првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Во меѓувреме, првиот човек на Беса, Билал Касами, донесе поинаква одлука, нема да седне на иста маса со Ахмети.

„Ние како Беса воопшто немаме дилема во однос на политичките цели во корист на интересите на Албанците во Република Северна Македонија од страна на премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама. Наша грижа е со целите и политичките трикови на ДУИ и Али Ахмети. Ние како Беса позитивно одговараме на поканата на премиерот Еди Рама, но немаме потреба и не  гледаме за разумно да седиме на маса со ДУИ на Али Ахмети секогаш кога тој треба да се спаси“, изјави Фарук Авзиу, портпарол на Беса.

Причините за средба не се соопштуваат во поканата на Рама, но се дознава дека ќе се фокусира на поддршката за уставните измени и евроинтегративните реформи.

Средба од ист формат со тогашните лидери Ахмети, Села, Касами,  Рама организираше во Тирана на 29 декември 2016 година, од која произлезе заедничка декларација на албанските политички партии за зачувување на интересот на Албанците. Таа предвидуваше целосна јазична еднаквост вклучувајќи го и албанскиот јазик во Уставот, еднаков регионален развој, меѓународни комисии за целосно расчистување на монтирани случаи, како и сеопфатна дебата за државното знаме, химна и грб, така што државните симболи ја рефлектираат социјалната мултиетничност и еднаквост.

Последната средба на партиите потписнички на Заедничката декларација беше во јули 2017 година. Тогаш првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, свика уште една средба, но таа беше бојкотирана од другите лидери поради неговата јавна изјава дека „не седнува со никаквеци“ Касами имаше уште еден обид да ги седне лидерите заедно во ноември минатата година, за да разговараат за статусот на Албанците во Уставот, но безуспешно.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button