ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Беса Транс“ може да продолжи со нова фирма, засега одговорноста завршува со цариниците

Со суспензијата на двајцата цариници и со казната на нивниот шеф, се чини дека одговорноста за пропуштањето на автобусот на „Беса Транс“ засега запира тука. Алсат праша во Царинската управа дали одговорноста ќе стигне до повисоко ниво и дали и претходно евентуално имало слични или други пропусти со сега изгорениот автобус, но во Царина допрва ќе го утврдуваат тоа.

„Во текот на истрагата, доколку се утврди одговорнот за други инволвирани лица, секако дека ќе следи и соодветна санкција за истите. Во моментов, утврден е пропуст во работата, а дали постои корупција сè уште не може да се утврди“, велат од Царинската управа.

Од Царина вчера соопштија дека автобусот на „Беса Транс“ во изминатиот месец неколкупати ја напуштал границата на Македонија. А, за тие премини дополнително ќе проверуваат дали за него бил покажуван извод од лиценцата за вршење транспорт без кој возилото не смеело да сообраќа, ниту во земјава, ниту во странство.

На ваквите наводи од Царинската управа, Јавното обвинителство засега не отвора предмет за евентуални пропусти ниту по допрен глас. Ќе се чекаат резултатите од истрагата на бугарските колеги.

„Потоа доколку во целиот настан бидат утврдени и елементи на други кривични дела, Обвинителството ќе постапи своите законски надлежности“, велат од Јавното обвинителство.

Од Министерството за транспорт засега не најавуваат евентуална дополнителна постапка од нивна страна до обвинителството.

„Во рамките на своите надлежности заради непочитување на одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај, Министерството за транспорт и врски веќе ја одзема лиценцата на превозникот Беса Транс“, велат од Мминистерството за транспорт и врски.

Бугарските власти пак, чекаат одговор од нивните институции за и таму да се дознае како автобусот успевал да влегува и на нивна територија.

„Информацијата за недостиг на документи за автобусот, тие ја потврдија веста, но треба да се погледнат деталите каков тип на документи, дали тоа што било претставено на соодветните граници Бугарија и Турција не било доволно за меѓународните правила, затоа треба да почекаме секоја институција да одговори на овие прашања“, рече Стефан Јанев-Премиер на Бугарија.

Инаку и покрај одземената дозвола за работа, „Беса Транс“ би можела да продолжи да работи. Во случај ако за нејзиниот управител нема кривично дело и пресуда за забрана за вршење на оваа дејност, тогаш може да се отвори нова транспортна агенција и повторно да се врши транспорт на патници.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button