ЕКОНОМИЈА

Бесими: Даночните реформи се започнати и засега само се прават анализи

Даночните реформи се започнати и засега само се прават анализи за тоа дали и какви промени ќе им во даночната политика. Министерот за финансии Фатмир Бесими не открива дали ќе има зголемување на даноците, како што се данокот на додадена вредност или можно воведување на прогресивен данок. За Бесими, рано е да се разговара за стапките на даноците бидејќи во мометов течат само анализи. За можното намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто на електричната енергија, Бесими одговори дека засега немало ваква дискусија во Владата.

„Доколку има таква дискусија на Влада ќе информираме и ќе направиме пресметки и анализи тоа што значи во однос на останатите земји. Во моментов немаме таков предлог на Влада“. изјави Фатмир Бесими- Министер за финансии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button