ЕКОНОМИЈА

Бесими: Минималната плата е предвидена и во администрацијата, растот на другите плати и пензиите ќе се бара преку дијалог

Финансиите се стабилни и во наредниот период се земаат предвид сите ризици за тие да останат на стабилно ниво. Во Буџетот има доволна ликвидност и реализацијата на буџетските приходи, иако сме на почеток на годината, се согласно проекциите.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Топ тема на ТВ Телма, осврнувајќи се и на новите инструменти кои ќе бидат понудени за да се финансираат предвидените проекти преку развојни, проектни и зелени обврзници, како и обврзница индексирана со инфлација која е наменета пред се за граѓаните за да се мотивираат да инвестираат, а и да се намали сивата економија преку повелкување ќеш или заштеда, а сето тоа во рамки на законските решенија. Тоа е предвидено во рамки на домашното задолжување, додека за задолжување во странство, како што посочи, во Буџетот е предвидено издавање еврообврзница од 250 милиони евра, за која се следат состојбите и ќе биде издадена, како и во претходната година, кога на пазарот ќе има најповолни услови.

-Средствата од задолжувањата ќе одат за капитални проекти, така што и овие обврзници се наменети конкретно проектните се за одредени проекти, развојните за капитални проекти и зелената е за проекти за зелен развој, соопшти Министерството за финансии.

Во однос на барањата на синдикатите за зголемување на платите на администрацијата преку усогалсување со минималната плата, како и за барањето за зголемување на пензиите, рече дека Владата има слух и оти преку дијалог со вклучените страни ќе се дојде до одржливо решение, како што тоа беше направено и со зголемувањето на минималната плата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button