ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бесими: Работиме на системско решение за зголемување на платите

Бесими: Работиме на системско решение за зголемување на платите

Министерот за финансии, откако го повлече зголемувањето на платите од 30 отсто, демантираше дека упатувал закани за изразување револт кон своите вработени. Фатмир Бесими рече дека пред два дена кога бил на седница на Владата добил информација дека сите вработени излегле од канцелариите пред министерството на предупредувачки штрајк, но денеска објасни дека ги повикал раководителите на секторите за да ги извести за промените.

Бесими појасни дека неискористените пари во буџетот се наменети токму за покачување на платите и каде ќе завршат може да одлучи само Собранието. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Буџетот се уште не е пред пратениците, додека опозицијата веќе најави дека нема да поддржи зголемување на платите, бидејќи требало да има повисоки плати за сите вработени.

Од УПОЗ велат дека покачување на платите немало ни кај  вработените во Бирото за јавни набавки , ниту во  министерството и затоа има незадоволство.

„Зошто се дозволува слабеење на оваа важна институција кога знаеме дека годишно преку системот за јавни набавки се трошат над 1 милијарда евра народни пари? Законот му дава на Бирото бројни контролни овластувања, но голем е ризикот и за постоење на корупција! На кој начин работата на Бирото е помалку сложена или помалку одговорна од другите актери во управувањето со јавните финансии?“, велат од Синдиката на УПОЗ.

Од Бирото за јавни набавки беа вклучени во билатералниот скрининг на земјата со Европската комисија, а вработените добија оценки за ефикасноста и ефективноста со која ги извршувале овие клучни активности. И оваа институција се соочува со истите ризици од одлив на стручен и искусен кадар ./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button