ЕКОНОМИЈА

Бесими со отчет за новата еврообврзница

Издавањето на седмата еврообврзница тешка 700 милиони евра ќе се намени за да се вратат стари долгови. 500 милиони ќе отидат за враќање на еврообрзницата земена од 2014 година. Со останатите 200 милиони ќе се купуваат вакцини, лекови или други потреби за справување со пандемијата. Но, освен овој нов заем, државата ќе има и дополнителни задолжувања, како дома, така и во странство.

„Ние со ова задолжување што го имавме вчера со еврообврзницата на нето основа има 200 милиони евра, ќе имаме и задолжување нето со државни хартии од вредност од 300 милиони евра на домашен пазар, исто така дополнителни 80 милиони евра од Европска комисија што ги најавив, како и повлекување на заеми за имплементација на проекти околу 82 милиони евра“, рече Фатмир Бесими- Министер за финансии.

Бесими уверува дека оваа година економијата ќе закрепнува, а показатели за тоа е добриот старт на приходите коишто се слеваат во државната каса од даноци. Сепак, Бесими најави раст на јавниот и државниот долг до крајот на годината.

„Проекциите на Министерството за финансии покажуваат дека државниот долг до крајот на оваа година ќе изнесува 53,2 отсто додека јавниот долг 63,4 проценти“, додава Бесими.

Осмата еврообврзница е со досега најниска каматна стапка од 1,6 проценти со рок на отплата од седум години. Досега земјава има вратено три еврообврзници земени во 2005, 2009 и 2014 година. Само за еврообврзници Македонија до 2028 година ќе траба да врати речиси три милијарди евра.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button