ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бесмира Ејупи била и во МЖ-Инфраструктура

Бесмира Ејупи била и во МЖ-Инфраструктура

На листата на институции од кои Бесмира Ејупи добивала хонорари се додава уште една. العاب بوكر للكبار Покрај тоа што истовремено добила 12 илјади евра од 4 општини и Државното правобранителство, Ејупи од 11 мај 2021 година до 16 август 2022 од Владата била поставена и во Надзорниот одбор на Јавното претпријатие „Железници – инфраструктура“.

Advertisements

Алсат дознава и дека Ејупи како член на Надзорниот одбор на ова јавно претпријатие со задоцнување го доставила Анкетниот лист до Антикорупциската комисија и за тоа платила и парична казна, по што доставила комплетен анкетен лист.

Иако во јуни Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривична одговорност за четворица градоначалници и иницијатива за морална одговорност за државниот правобранител, кој во истиот период ја ангажирал Ејупи, нејзината соработка со Државното правобранителство продолжила и тоа може да се види и на страницата „Отворени финансии“, каде последната уплата за Ејупи била регистрирана на 5 август.

Од друга страна, МНР и понатаму молчи за информациите кои кружат во јавноста за Бесмира Ејупи. العب وربح Од МНР ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата дека таа од неодамна работи кај нив. العاب للفوز بجوائز حقيقية Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека ќе бараат министерот Бујар Османи во Собранието, во Комисијата за надворешна политика, да појасни за случајот со Ејупи.

Случајот со Бесмира Ејупи стана актуелен, кога беше предложена за конзул во Њујорк, а во исто време наводно била на платен список и од Државниот правобранител, од општина Сарај, општина Чаир, општина Брвеница и општина Петровец.

Mефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button