ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Без конкретно решение за недостигот на доктори во Охрид

Без конкретно решение за недостигот на доктори во Охрид

Проблемот со недостатокот на лекари во детското одделение во Охрид, новиот министер за здравство Беким Сали, ветува дека ќе го реши со ротација на лекари од друга здравствена установа. Но, не кажува од каде би доаѓале и кога би почнале со работа. Во моментот одделението во Охрид работи само со еден педијатар, бидејќи вториот е на боледување и попладне дежураат медицински сестри.

„Се работи на изнаоѓање времено и долгорочно решение со цел да се обезбеди зајакнување во областа педијатрија за охридскиот регион. Една од опциите е ротација на кадар од друга здравствена установа за што се разгледуваат сите можности“, велат од Министерството за здравство.

Додека властите половина година ветуваат решение, охриѓани се снаоѓат како знаат и умеат. Во попладневните часови, за викенди, празници но и за хоспитализација, пациентите од Охрид се принудени одат во Струга, каде има шест педијатри, бидејки охридското одделение работи само како обична амбуланта за прегледи од понеделник до петок.

„Ние овде импровизираме. Работам од 8 до 14 часот. Имаме сестри кои што се тука за евентуално ако е нешто итно, набрзина да се реагира. Ние сме на приправност. Ако е нешто итно ќе мe викнат од дома. Сестрите наши се многу искусни и знаат што е тешко што не е тешко“, рече Орхан Зекир-лекар педијатар.

Доаѓа туристичка сезона, кога напливот на пациенти ќе биде многу голем, од што најмногу стравуваат лекарите.

„Овде мислам дека е погрешно водена политика во последните 15 години најмалку, бидејки не е водено сметка кои луѓе кога ќе одат во пензија и колку треба да се пуштат на специјализација. Не смее Охрид, како туристичко место број еден да е без детско одделение“, рече Влатко Мицкоски-педијатар од Струга.

Зекир предупредува дека не може да се надеваат на помош од специјалисти од клиниката за педијатрија во Скопје, бидејки и кај нив 15 врвни педијатри биле за одење во пензија. Единствено долгорочно решение е велат лекарите е двете педијатриски одделенија во Струга и Охрид, да се спојат во едно и да бидат сместени во болницата за ортопедија и трауматологија, Свети Еразмо.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button