СПОРТ

Без многу промени во новата ранг-листа на ФИФА

На најновата ранг-листа на ФИФА, нема многу промени. Македонската фудбалска репрезентација останува повторно на 65 позиција со 1.362 бода, или два повеќе од репрезентацијата на Албанија, која ја држи 66 позиција. Во меѓувреме, репрезентацијата на Косово продолжува да ја држи 117 позиција со 1.155 поени. Нема промени што се однесуваат на врвот на ранг-листата на ФИФА. На прво место е Белгија, следена од Франција, Бразил, Англија и Португалија. Шпанија е на 6-то место, пред Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија. Најголемо изненадување е позиционирањето на Германија, која во моментов се наоѓа на 13-тото место.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button