ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Безгрешни реченици од мајките кои нѐ следат низ животот

Без разлика каде живеете, шансите дека сте слушнале нешто од овие изреки кои мајките постојано ги повторуваат на децата се големи. Секако, сите сме се вознемириле или сме се пожалиле кога сме ги слушнале по 100 пати одново истите работи како деца.

Сега, кога сме повозрасни разбираме дека тоа се само знаци на мајчината љубов и внимание. Се надеваме дека ќе читате и ќе се смеете. Потсетете се на сите паметни совети кои мајките ви ги дале некогаш, а вие со потсмев сте ги прифатиле или одбиле.

Во секој случај заблогодарете им се на мајките што биле покрај вас и ве помагале при сите препреки низ животот.

  • Ти кажав сто пати да не се клацкаш на столчето!
  • Сендвичот не е ручек.
  • Ќе го најдеш таму кај што си го оставил.
  • Ти кажав!
  • Легни си, нема да можеш да станеш утре.
  • Јас завршив со училиште пред 20 години, а сѐ уште се сеќавам на таблица множење.
  • Те боли главата? Тоа ти е заради тоа што седиш цело време пред компјутер!
  • Ќе ме разбереш кога ќе имаш деца.
  • Кога јас бев колку тебе, не беше вака.
  • Зошто ти требаат толку пари?
  • Можеш да правиш што сакаш, ама кога ќе имаш твои пари!
  • Кој ќе се грижи за кучето? Кој ќе го шета кучето? Ти?! Како па да не!
  • Не сакам да го слушнам ова од тебе повеќе!
  • Ако не сакаш да студираш, ќе мора да работиш.
  • Може ли да ми направиш профил на Фејсбук?
  • Зошто ја симна капата? Те видов од прозорецот.
  • Зошто слушам лоши работи за тебе од други луѓе?
  • Ќе ми кажеш „фала“ некогаш.
  • Не учиш за мене, за тебе си е.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button