ЕКОНОМИЈА

Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата

Одлуката на Народната банка да ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени е донесена како превентивна реакција на нагорното поместување на инфлациските очекувања. Засега нема поизразени ценовни притисоци од страна на побарувачката, за којашто впрочем има и надолни ризици како резултат на војната во Украина. И со корекцијата, основната камата останува на едно од историски најниските нивоа од 1,5 проценти и всушност сѐ уште е под нивото од пред пандемијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Економскиот форум организиран од „Фајненс тинк“.

Иако една од основните економски лекции е дека централните банки не треба да реагираат на шокови коишто доаѓаат од страна на понудата, сепак , посочи гувернерката, дел од централните банки почнаа со намалување на приспособливиот карактер на монетарната политика, како ФЕД, Банката на Англија, Банката на Канада, некои од централните банки од Централна и Југоисточна Европа коишто имаат стратегии на целна инфлација и каде што инфлацијата повеќекратно ја надминува целта. – Ова се прави имајќи предвид дека наместо очекуваното стабилизирање на цените на примарните производи, тие и натаму растат ‒ гасот 60 проценти, нафтата 40 проценти, пченицата 30 проценти, поради новиот шок на страната на понудата. Ова упатува дека притисокот врз цените ќе трае подолго од првично очекуваното, со што може да има поизразено влијание врз инфлациските очекувања, како еден од факторите коишто влијаат врз инфлацијата, а на кои централните банки треба да реагираат, вели Ангеловска-Бежоска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button