ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Биљал Касами не учествува на вечерата кај Еди Рама

Лидерот на движењето Беса, Биљал Касами не учествува на вечерата на Еди Рама. Според него, станува збор за средба иницирана од Али Ахмети и Артан Груби за да се прикријат нивните неуспеси и да не се даде отчет за неспроведените точки од заедничката декларација на албанските политички партии потпишана во 2016 година.

„БЕСА и претседателот Биљал Касами, се наведува во партиското соопштение, нема да седат на маса со оние кои не успеаја да ја водат власта во државата. Сега наместо да излезат пред граѓаните, да се извинат и да распишат предвремени избори, тие повторно бараат помош од Еди Рама. Бевме пред шест години на состанок со Еди Рама. Ветивме дека ќе спроведеме некои точки од интерес за Албанците во Северна Македонија, но овој договор остана во Албанија и никогаш не виде светло надвор од границата бидејќи така одлучиле Артан Груби и Али Ахмети. Неколку пати баравме заедничка средба на политичките лидери, но не се реализираше“, се вели во реакцијата на Беса.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button