МАКЕДОНИЈА

Билали Зендели: Поблиску сме од кога било до отстранување на бугарското вето

Пратеничката Арта Билали Зендели од ДУИ, вечерва во „Патот кон“ на Алсат изјави дека смета оти сега сме поблиску од кога било до отстранување на бугарското вето.

Таа рече дека е убедена дека ако остане оваа Влада што е во Бугарија, ќе биде многу полесно.

„Вистина е дека РСМ доби позитивна препорака пред неколку години, но потоа методологијата се промени на предлог на Франција и оттогаш се појави и бугарското вето. Со оглед на неодамнешните случувања со владејачката коалиција, пратениците и другите во Бугарија, мислам дека се гледа дека имало волја за укинувањето на ветото. Но, сепак мислам дека сме поблиску од кога било до отстранување на бугарското вето, ако оваа влада остане во Бугарија, ќе биде многу полесно“, рече таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button