ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бислимоски: РКЕ наредната недела ќе ги дефинира блоковите за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач

Бислимоски: РКЕ наредната недела ќе ги дефинира блоковите за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е при крај со анализите и во текот на наредната недела ќе ги дефинира блоковите за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија, информира денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

– Со сигурност од сега можам да кажам дека блоковите ќе бидат зголемени, а конкретно за колку, ќе информираме во текот на следната недела, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека блок тарифите ќе важат исклучиво за домаќинствата и ќе се однесуваат за високата дневна тарифа, односно за скапата струја.

– Анализите ги правиме пред се кај вториот и третиот блок и особено нивните граници ќе бидат повисоки од оние што беа презентирани во јавните расправи, прецизира Бислимоски.

Првиот човек на РКЕ посочи дека поради злоупотребите што ги вршеле малите потрошувачи, кои се вратиле од слободниот на регулираниот пазар, направени се непланирани трошоци од 33 милиони евра за дополнителен увоз на електрична енергија, кои, како што рече, сериозно ќе ја оптоварат цената што ја плаќаат домаќинствата.

– Затоа бараме начин како да се спречи ова некоректно однесување на одредени компании и општини во државата, бидејќи тоа ни прави сериозен притисок врз цената, потенцира Бислимоски.

Првично беше предвидено во првиот блок да бидат потрошувачите кои трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во вториот блок од 211 до 420, во третиот блок од 421 до 630 и во третиот блок над 630 киловат часови електрична енергија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button