ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бислимовски очекува ЕСМ да почне да го зголемува производството

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, очекува ЕСМ, по критичната 2020 година, да почне да бележи зголемено производство и да почне да генерира приходи. Како што кажа тој, во неговото вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, сето тоа би требало да се спроведе врз база на здрава основа, во корист на потрошувачите.

„2020 беше една критична година и верувам дека производството на ЕСМ ќе започне да се зголемува и ќе биде активен учесник на пазарот на мало во Македонија и поради тоа проблемите со приходите ќе се надминат и ќе си остварува профит како што си остварувал и претходно.“, рече Бислимовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button