ЕКОНОМИЈА

Битиќи на промоција на првата италијанско-македонска стопанска комора

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, предводи државна делегација на работна посета на Италија, по повод промоцијата на првата италијанско-македонска стопанска комора АПИ НОРДЕС.

Како што се наведва во соопштението за посетата, Битиќи остварил повеќе средби со претставници на одделни италијански региони и на бизнис заедницата.

Тој попладнево на прес-конференција информира подетално за новата иницијатива за интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и Италија, заблагодарувајќи се на претседателот на италијанско-македонската стопанска комора, Мунир Шемши, италијански бизнисмен со потекло од нашата земја. „Денеска сум овде, за заедно со претставниците на АПИ НОРДЕС да се претставиме пред италијанските компании и пред италијанските власти. Новиот предизвик, со којшто Европа се соочува, војната во Украина и економската, заедно со енергетската криза покажа дека само заеднички, интегрирани со заедничка соработка и солидарност можеме да ја пребродиме оваа криза“, рече Битиќи.

 

Тој додаде дека Северна Македонија е мала земја и аспирант за членство во Европската Унија, но може да биде чинител којшто ќе биде дел во заедничкиот мозаик на ЕУ и токму затоа, во рамки на работната економска посета на Италија, два дена ги претставува можностите за соработка во областа на инвестициите.

 

Шемши, кој повеќе од 30 години живее и работи во Италија, на прес-конференцијата истакна дека проектот АПИ НОРДЕС ќе биде мост меѓу двете земји со чија помош ќе се унапреди економската соработка.

 

Работната посета на владината делегација на Северна Македонија, во која учествуваат и претставници на стопански комори од нашата зема продолжува со средби со претставници на стопански комори во Италија и учество на Бизнис форум во Венеција, чиј домаќин е АПИ НОРДЕС, италијанско-македонската стопанска комора./Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button