ВЕСТИСВЕТ

Бизарен инцидент на небото над Австрија: Патник го окупирал тоалетот и одбивал да излезе, пилотот принуден слета

Авион со 134 патници и членови на екипажот, на линијата на Цирих-Ларнац, бил принуден непланирано да слета во Австрија откако еден патник се заклучил во тоалетот и одбивал да излезе.

Станува збор за педесетгодишен граѓанин на Русија кој во тоалетот влегол непосредно по полетувањето.  Пилотот, поради безбедносни причини одлучи да го слета авионот на аеродромот во Грац, соопшти граничната полиција, додавајќи дека патникот соработувала и го напушти тоалетот по непланираното слетување.

По барање на капетанот, патникот бил изнесен од авионот, а потоа и спроведен во полициска станица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button