ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бизнис форум: Помалку трговски и царински бариери, поголема соработка

Бизнис форум: Помалку трговски и царински бариери, поголема соработка

На бизнисот не му требаат граници, на Балканот не му требаат граници. Треба да се заборават времињата на попречена соработка помеѓу државите. Никогаш повеќе да нема трговски бариери или блокади за одредена стока и производи. Само со регионална соработка на бизнисот е можна стабилност и мир, без инциденти и тензии. Ова се само дел од пораките кои беа упатени од Бизнис форумот во Скопје за унапредување на регионалната соработка.

„Балканот е премал да биде поделен или да има граници, трговски и царински бариери, има 18 милиони жители, ние сме колку една четвртина од Германија или Турција. Има БДП колку половина на Романија. Населението на Западен Балкан сочинува само три отсто од вкупното на Европската Унија. Овој пазар има капитал, но само ако е интегриран“, рече Хамим Даути Бизнисмен МКД.

„Ако јас од Ниш до Скопје стасaм за еден час и четириесет минути, на тоа време морам да го додадам и 40 минути чекање на граница тоа значи е 40 отсто плус дополнителен напор за било која бизнис интеракција помеѓу две држави“, рече Огнен Илиќ Бизнисмен од Србија.

„Нашата визија е партнерска соработка, ако има ситуација некој нешто да не може да стори, мора да му помогнеме. Тоа што може мене да ми се случи денес, на вас може да ви се случи утре, односно на сите нас. Ете така треба да соработуваме“, додаде Бизнисмен Црна Гора.

Мисијата на стопанствениците е да се промени Балканот, да нема негативна конотација за овие простори, а велат дека тоа може да се направи само преку бизнисот. Обединувањето помеѓу државите се прави најдобро преку бизнис е ставот и на првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески. Како еден од проектите за подобрување на соработката помеѓу компаниите од регионот е проектот Отворен балкан, со кој државите од опкружувањето најстојуваат да има непречен проток на стока, работна сила како и капитал./Alsat.mk

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button