ВЕСТИРЕГИОН

Блинкен на средбата со Петков ја истакна важноста од брз пристап во ЕУ за квалификуваните аспиранти

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, за време на денешната средба со бугарскиот премиер Кирил Петков ја истакнал важноста од брз пристап во ЕУ за квалификуваните аспиранти, објави Стејт департментот.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс соопшти дека двајцата лидери ја потврдиле заедничката визија за трансатлантските односи.

Прајс во соопштението вели: „Секретарот Блинкен ја нагласи важноста на обединетиот одговор на НАТО и на САД-ЕУ кон неоправданата и неиспровоцирана инвазија на Русија врз Украина и рече дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат модернизација на одбраната и приоритетите на енергетската безбедност на Бугарија“.
И Блинкен и Петков за средбата објавија на Твитер.

Петков напиша дека со Блинкен разговарал за зголемување на соработката и диверзификацијата на енергетските извори.

„Бугарија и САД се сојузници и стратешки партнери и енергетската соработка ќе придонесе за зголемување на енергетската безбедност и диверзификација во регионот“, напиша Петков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button