ЗДРАВСТВО

Блогерка призна дека спие на подот со петте деца: Не е тоа за секого и не мора да биде

Популарната мајка блогерка Констанца Хол се најде на удар на критики поради нејзините деца кои спијат на подот. Таа објави фотографија од таканареченото семејно гнездо за спиење кое го сместила во дневната соба. На фотографијата три деца задоволно лежат на душек на средината од собата, меѓу две кожени софи, гушкајќи се со семејното куче.

„Отсекогаш сум го делела креветот со моите бебиња. Едноставно ми се допаѓа и сè уште уживам во тоа“, напишала Констанца, која една година живее со своите седум деца во домот на нејзината мајка. Пет деца спијат во дневната соба.
„Иако куќата има четири спални соби, две не се користат, а на подот во дневната соба имаме два душека опкружени со софи“, додаде таа.

„Минатата ноќ, додека лежев на еден од нив со петте деца, а тие се кикотеа, тепаа, боцкаа и рекоа 4000 пати „те сакам“, додека конечно не заспаа. Тогаш почувствував екстремно задоволство. Не е тоа за секого и не мора да биде “, порача таа.


Иако многу мајки признаа дека сакаат да спијат со своите деца и дека никогаш нема да ги лишат од таа удобност и сигурност, некои ја критикуваа затоа што сметаат дека не е соодветно децата да спијат на подот во дневната соба.

„Ако две спални соби воопшто не се користат, имате каде да одите со децата. Зошто да спиете на подот во дневната соба“, коментираше едно лице.

Констанца живее одвоено од нејзиниот сопруг Деним Кук од 2020 година, кога тој за малку ќе починел паѓајќи од мотор. Избегнал да оди во затвор иако бил фатен како вози под дејство на дрога и со неврзано дете во автомобилот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button