ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Блок-тарифи за струја и за компаниите, ама прво РКЕ ќе анализира

Блок-тарифи за струја и за компаниите, ама прво РКЕ ќе анализира

Регулаторната комисија за енергетика заедно со група експерти ја започна процедурата за изготвување на блок-тарифи за потрошувачката на електрична енергија и во стопанството. Регулаторот уверува дека придобивки ќе имаат компаниите, но мора и тие да бидат штедливи и рационално да ја користат струјата во своите деловни активности. Принципот ќе биде ист како и за домаќинствата.

„Во месец ноември ќе стартуваат анализите на новата реформа на блок-тарифи за малите потрошувачи на регулираниот пазар. Принципот ќе биде еднаков како и за домаќинставата – кој троши помалку, да плаќа помалку“, велат од Регулаторна комисија за енергетика.

Од Министерството за економија, институција под која е секторот енергетика, кратко ни соопштија дека немаат детали колку блок-тарифи ќе бидат предвидени за овие компании.

Од први декември компаниите од прехранбената индустрија ќе добијат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час. За останатите фирми засега нема владина помош, иако надлежните посочуваат дека централната власт ја субвенционира цената на струјата за оние деловни субјекти кои се на регулираниот пазар. Компаниите пак, кои енергијата ја купуваат на слободниот пазар секојдневно алармираат дека со крајни сили ја одржуваат ликвидноста.

Од јули годинава се воведоа измени во тарифниот систем за потрошувачка на електричната енергија кај домаќинствата. Во фактурата одделно се прикажуваат пресметките за потрошена стуја и за надоместот за користење на преносниот и дистрибутивниот систем. Кај домаќинствата, целата количина на електрична енергија потрошена во висока тарифа се дели на блокови на потрошувачка, а за секој блок има различна цена./Alsat.mk

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button